- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Спиењето на несоодветна перница може да ви предизвика главоболки, болки во вратот, рамената, отрпнување на рацете, неудобност, 'рчење, кивање, потешкотии при дишењето. Сето ова, може да предизвика и вртење во текот на ноќта и немирен сон.
Ние во Дормео ви препорачуваме да ја менувате вашата перница на секои 2 до 3 години, бидејќи можно е да содржат предизвикувачи на алергии како мувла, мртви клетки и прашински грини. Навлаките за перниците можат да ви помогнат да го продолжите траењето на вашата перница. Можете да ја тестирате перницата со тоа што ќе ја свиткате на половина. Доколку не се врати во првобитната положба, време е за нова перница.
Изберете едно од четирите нивоа на цврстина, во зависност од тоа како спиете. Еве 3 совети кои ќе ви помогнат во одлуката:
Ако спиете на грб, ви треба потенка перница, поради соодветна положба на главата.
Ако спиете на страна, ви треба поцврста перница која ќе ја пополни празнината од увото до рамото.
Ако спиете на стомак, можете да спиете на многу тенка, речиси рамна перница.
Следниот најважен чекор е да го изберете полнењето на перницата. Дормео перниците се полнети со Мемори пена, Wellsleep микровлакна или други природни материјали како бамбусови влакна, мерино волна и др.
Микровлакната Wellsleep се одлична алтернатива на пердуви од гуска, ќе ја направат перницата мека и ќе ја обликуваат според главата.
Мемори пената е цврста и ја задржува формата во текот на ноќта, дури и кога се вртите во кревет.
Дормео перниците ви ја нудат можноста да ја регулирате висината и цврстината и со тоа да ја направите совршена за вашето тело и положба на спиење. Само откопчајте го патентот на перницата и додадете или извадете дел од полнењето.
Се грижиме за перниците кои ги продаваме. Нашите експерти за спиење ги истражуваат перниците и ги избираат најдобрите од секоја категорија. Од Дормео можете да очекувате најниска цена и највисок квалитет.